СЕ СНИМА ФИЛМ, СКОПЈЕ ВО БЛОКАДА Од 20 часот до 4 наутро, затворен булеварот 11-ти Октомври

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), затворањето ќе се одвива на потегот од крстосницата со улицата Даме Груев до крстосницата со булеварот Кочо Рацин.

2,065

Вечерва, булеварот 11-ти Октомври во Скопје ќе биде целосно затворен за сообраќај во двете насоки, и тоа во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), затворањето ќе се одвива на потегот од крстосницата со улицата Даме Груев до крстосницата со булеварот Кочо Рацин.






Сообраќајот во овој период ќе се пренасочува по околните улици, а полицијата ќе биде присутна на терен за да обезбеди непречено одвивање на алтернативниот режим.

Од МВР апелираат до граѓаните и возачите да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел одржување на јавниот ред и безбедноста за време на снимањето.

Поврзани содржини