Се смириле по 25 години? Анџелина Џоли уловена пред станот на првиот сопруг, носела шише пијалак ФОТО

3,444

Актерката Анџелина Џоли (46) е „уловена“ пред зградата на нејзиниот прв сопруг, британскиот актер Џони Ли Милер (48), а на големо се зборува дека тие двајца се помириле.

Анџелина излегла од автомобилот пред домот на Џони во Бруклин, со чанта од „Луј Витон“, носејќи шише скап пијалак.






Откако беше фотографирана пред неговата куќа, странските медиуми пишуваат дека освен Џенифер Лопез и Анџелина му се вратила на поранешниот, со кого беше пред речиси 25 години.

Славната актерка се омажила за Џони во 1996 година кога имала 21 година, се запознале на снимањето на филмот „Хакери“ во 1995 година, а шест месеци подоцна се венчале. Многумина се сеќаваат дека во тоа време таа носеше маица на која го напишала неговото име со својата крв.

– Тоа е човекот за кого ќе се омажам наскоро, па треба малку да се жртвувате за врската да биде навистина посебна – рекла тогаш Анџелина.

На новинарите во тоа време им признала дека размислувале и за можноста да не се венчаат веднаш, туку да бидат свршени извесно време, бидејќи таа поради работата морала да остане во Лос Анџелес, а тој морал да се врати во Велика Британија, но тие сепак се венчале.

Брачната идила не траела долго, па 18 месеци подоцна се разделиле, а бракот завршил во 1999 година.

– Нема жалење, бракот не успеа, но ние останавме добри пријатели – рекла Анџелина, а Милер дури глумеше и во нејзиното режисерско деби „Во земјата на крв и мед“.

По разводот, Анџелина се омажи за Били Боб Тортон, а потоа, за Бред Пит. Милер од 2008 до 2018 година, беше во брак со актерката Мишел Хикс (48) со која има 11-годишен син.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

Поврзани содржини