СЕ СМИРИ ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН Утрово нема пожари на други локации

Изминатото деноноќие се изгаснати 17 пожари на отворено, информираат од Центарот за управување со кризи.

85

На територијата на државата денеска до 09 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК.

Изгаснати се пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште каде гореше ниска вегетација и шума, како и пожарите во Општина Студеничани кај селата Горно Количани и Драчевица, и на планински врв Китка.






Во Кичево, кај село Душегубица, каде гореше ниска вегетација и ниска шума, како и пожарот во село Велгошто, во Општина Охрид (ниска вегетација); во село Брушани, Општина Кавадарци (ниска вегетација); во село Кутретино, Општина Демир Хисар (депонија); во Општина Битола кај м.в. Тепсија (ниска вегетација) и селото

Велушта (ниска вегетација); потоа пожарот во Суводол, кај село Балдовци, Општина Новаци (ниска вегетација); пожарите во Општина Прилеп кај село Беловодица, место викано Ливада и село Лењиште (букова шума), како и пожарот кај Дата Центар во Прилеп (ниска вегетација); во Општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец (мешана шума); во Општина Брвеница, кај село Милетино (ниска вегетација); во Општина Гостивар во близина на Болницата (ниска вегетација);  во Општина Врапчиште кај село Тумчевиште (ниска вегетација), во Општина Чешиново-Облешево, кај објектот Мак Млин (ѓубриште, гуми) и во Општина Струмица кај селата Турново и Иловица (депонија).

Поврзани содржини