Се смирија поради заеднички проблем: Хари и Вилијам повторно разговараат

707

Иако долго време се пишува за лошиот однос меѓу принцевите Хари и Вилијам, а сѐ дополнително се залади поради селидбата на Хари и Меган во САД и одвојувањето од кралското семејство, браќата наводно повторно почнале да разговараат.

Како што јавуваат британските медиуми, тоа го поттикнала здравствената состојба на принцот Чарлс кој беше заразен со коронавирусот.






– Имаше голем проблем меѓу двајцата, но работите се вратија во нормала и знам дека повторно ќе се слушнат на телефон или преку видео повик. Се слушаат за семејните родендени, но мислам оти болеста на принцот Чарлс ќе ги натера повторно да почнат повторно да разговараат – вели Кети Никол, експерт за односите во кралското семејство.

Вели дека кога на Хари почнал да му недостасува домот било вистинско време повторно да се поврзе со Вилијам, а наводно попуштила и тензијата меѓу Кејт и Меган.

Никол додала и дека се олесниле и тензиите меѓу Кејт и Меган.

– Мислам дека на Хари и на Меган им недостасуваат Кејт и Вилијам, а особено на Хари и местото што го имал тој во нивните животи пред тоа – изјавила таа за „Ентертејмент тунајт“.

Поврзани содржини