СЕ СЛУЧИ ПРВИОТ ИНЦИДЕНТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА Португалците сами си направија проблеми
Фактот дека Кристијано Роналдо беше на теренот предизвика еуфорија кај фановите, па неколкумина од нив во ист момент втрчаа на теренот.
Португалија дури во вторник ќе го игра првиот меч од Европското првенство и тоа против Чешка, а на денешниот тренинг се случи инцидент.
Португалците решија да имаат тренинг пред полни трибини што се покажа како не многу добра идеја.
Фактот дека Кристијано Роналдо беше на теренот предизвика еуфорија кај фановите, па неколкумина од нив во ист момент втрчаа на теренот.
Луѓето од обезбедувањето имаа многу работа да ги задржат сите оние кои се најдоа на теренот, а на припомош им дојде и голманот Хосе Са, кој успеа да спречи еден од навивачите.
Тренингот кој го следеа околу 8.000 навивачи подоцна продолжи, а навивачите кои втрчаа на теренот беа уапсени од полицијата и тие тешко дека ќе може да влезат на трибините на некои од стадионите до крајот на ЕП.
José Sá fez a primeira defesa do Europeu
pic.twitter.com/OCwqtwFuWC
— B24 (@B24PT) June 14, 2024