СЕ СЛАВИ ВО ГОСТИВАР Таравари прогласи победа во прв круг
Ние не запираме со работа, од утре продолжуваме со проектите кои ги имаме, рече Таравари.
Актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари соопшти дека по пребројаните гласови во 90 проценти од избирачките места победи уште во првиот круг, со освоени 53 отсто гласови.
– Со 16.000 гласови од избирачките места, поминавме во прв круг, очекуваме победа со разлика од 3.000 гласови. Имаше притисоци од актуелната власт, но им честитам на гостиварци за истрајноста и тоа што гласаа. Имавме тотална поддршка од ВМРО, но ние победивме кај сите етникуми кои живеат во Гостивар. Ние не запираме со работа, од утре продолжуваме со проектите кои ги имаме – рече Таравари.
Според информациите кои пристигнуваат од штабот на Таравари, ова ќе биде негов втор мандат.