📽️ СЕ СКРИ ЗАД РЕКЛАМНИТЕ ПАНОА, ПА ГО СОВЛАДА МАЈЖАК Ѓоковиќ поврати среде меч, но направи пресврт

Српскиот тениски ас на кратко се повлече зад рекламните паноа и поврати поради жештината и напорниот ритам. Сепак, се врати на теренот и со пресврт го совлада Полјакот Камил Мајжак.

1,291

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ по голема борба се пласираше во третото коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Српскиот тенисер со пресврт го совлада Полјакот Камил Мајжак со 2:1 во сетови (4:6, 6:1, 6:2).

Мечот донесе вистинска драма. Во еден момент Ѓоковиќ мораше да се повлече зад рекламните паноа покрај теренот, каде што поврати, што предизвика изненадување кај публиката.






Високите температури и тешките временски услови создаваа проблеми за двајцата тенисери. Поради тоа често се правеа подолги паузи за освежување.

 

Публиката реагираше загрижено кога Ѓоковиќ се повлече од теренот. Сепак, набрзо стана јасно дека српскиот тенисер е добро и дека може да продолжи со играта.

По изгубениот прв сет, Ѓоковиќ ја презеде контролата. Во следните два сета доминираше на теренот и рутински стигна до победа.

Во третото коло на турнирот во Индијан Велс, Ѓоковиќ ќе игра против Американецот со српско потекло, Александар Ковачевиќ.

Српскиот тенисер десет години нема освоено титула на овој престижен турнир во Калифорнија. Затоа годинава сака повторно да покаже дека има сила за голем резултат.

Поврзани содржини