СЕ СКРАТУВА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО АМСТЕРДАМ Помалку трамваи, автобуси и метро од ова лето
Причина за намалување на бројот на превозни средства и на линиите е тоа што компанијата не може финансиски да издржи бидејќи пополнетоста на трамваите, автобусите и метрото во Амстердам сè уште е само 80% споредено со периодот пред пандемијата.
Компанијата за јавен превоз на граѓани во Амстердам ГВБ (GVB) планира од летово да го намали бројот на трамваи, автобуси и метро, а следната година и бројот на линии.
Ова го предвидува нацртот на транспортниот план на компанијата за 2023 и 2024 година, објави „NL Times“.
– Пополнетоста на трамваите, автобусите и метрото во Амстердам сè уште е само 80% споредено со периодот пред пандемијата – велат од компанијата.
Операторите на јавниот транспорт во Амстердам се речиси целосно финансирани од продажбата на билети, па ваквиот пад на бројот на патници влијае и на нивното финансиското работење. ГВБ има и повисоки трошоци поради инфлацијата, опремата, зголемувањето на платите и цените на енергијата.
Планирано е во 2024 година низ центарот на градот да сообраќаат помалку трамваи, но според компанијата ќе бидат доволни за 25.000 луѓе кои секојдневно ги користат.
Новиот план за линиите на метрото ќе им овозможат на 42.000 луѓе побрзо да стигнат до својата дестинација, главно затоа што ќе мора помалку да чекаат за метрото на линијата Север-Југ.