СЕ СКАРАЛЕ ЗА ВОДОВОДНА ЦЕВКА, ВЛЕГОЛ ВО КОЛА И ГО ПРЕГАЗИЛ НА СМРТ! Отворена истрага за убиство во велешко село
При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата и починал на самото место, опишува ОЈО Велес.
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството.
„На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот „Фиат панда“, сопственост на неговиот татко, и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.
При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место.
Надлежниот јавен обвинител побарал притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, и можност обвинетиот да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело“ – се вели во информацијата од ОЈО.