СЕ СКАРАЛЕ ЗА ГРЕПКА, Ѝ ЗАБИЛ КУЈНСКИ НОЖ ВО ГРАДИТЕ!? Банална кавга заврши трагично за постар италијански пар
Ренато (78), кој бил пасиониран играч на инстант-лотарија, ја избол својата сопругата Марела(81) повеќепати во градите, оставајќи го ножот забоден во нејзиното тело.
Италијанецот Ренато Киари (78) ја убил својата сопруга Маријела (81) во нивниот дом во градчето Мецанцана, во областа Варезе, по кавга околу лотариски среќки за гребење. Злосторството се случило во саботата попладне, а според првичните наоди од истрагата, не станува збор за долгогодишни семејни тензии, туку за кавга која избила од банална причина, наведуваат италијанските медиуми.
Истражителите заклучиле дека до убиството дошло за време на жестока расправија, кога Ренато, познат по својата претерана опседнатост со инстант-лутрија, ја изгубил контролата и зграпчил кујнски нож. Ја избодел сопругата повеќепати во градите, оставајќи го ножот забоден во нејзиното тело.
Нивна роднина, којашто живеела во истата куќа, повикала полиција и итна помош, кои веднаш пристигнале на местото, но на жената не можело да ѝ се помогне – веќе била мртва на подот во дневната соба, со ножот забоден во градите.
Според информации од истрагата, во семејството претходно немало пријави за насилство. Соседите и роднините раскажале дека расправијата избила поради опсесијата на Ренато со грепки, што со години претставувало проблем во бракот, но никој не можел да претпостави дека кавгата ќе заврши со убиство.
Ренато Киари истиот ден бил приведен и сослушан во касарната на карабињерите во Луино. Од обвинителството велат дека за време на испитувањето бил во состојба на „изразена психичка кршливост“, давајќи „фрагментирани и нелогични изјави“, поради што постои стравување дека би можел да се обиде да изврши самоубиство. Поради тоа, од затворот Миогни во Варезе бил префрлен во Сан Виторе во Милано, каде што има специјален надзор за ризични притвореници. Тој се товари за тешко убиство, а истрагата продолжува со цел да се разјаснат сите околности и евентуални мотиви.