СЕ СКАРАЛЕ ЗА ЌЕРКИЧКАТА, ПА ЈА ТУРНАЛ НИЗ ПРОЗОРЕЦ Повредената е во болница, а тој е приведен

Настанот се случил вчера во Центарот за социјални раоти во Пехчево.

1,584

Дваесет и тригодишната В.П.Н од Пехчево заврши во болница откако нејзиниот маж ја турнал од прозорец на Центарот за социјални работи во Пехчево.

На немилиот настан, како што соопшти полицијата, му претходела расправија помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево во холот на Центарот за социјални работи во Пехчево, за нивната  малолетна ќерка. Во еден момент  В.Т. ја турнал В.П.Н. низ прозорецот.






На В.П.Н. и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а В.Т. е приведен во полициска станица.

Поврзани содржини