Се скарале децата, па се степале татковците, битолчани нападнале полицајци

Двајца вработени во Општина Куманово го оштетиле буџетот.

610

ТЕПАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ И ЗАВРШИЛЕ ВО СТАНИЦА – На 21.09.2020 околу 01.00 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола од слобода биле лишени Ф.Ј.(35) и Н. Ј.(55), двајцата од Битола, затоа што физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СЕ СКАРАЛЕ ДЕЦАТА, ПА ТАТКОВЦИТЕ СЕ СТЕПАЛЕ – На 20.09.2020 околу 18.30 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„100“ во с.Волково, скопско, по претходна расправија помеѓу неговото дете и детето на Љ.Ѓ., неговиот 13 – годишен син бил физички нападнат од Љ.Ѓ (47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






МАРИХУАНА И ОРУЖЈЕ ПРОНАЈДЕНИ КАЈ ДЕЛЧЕВЕЦ – На 20.09.2020, по претходно преземени мерки и активности, а поради постоење основи на сомнение за кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на А.К.(43) во Делчево. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства, малокалибарска муниција и др. По документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ ВАСИЛЕВО – На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Радовиш, на крстосница за с.Василево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(18) од село Василево, патничко возило „бмв“, со англиски национални ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од с.Ангелци и паркирана полуприколка без регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“, Д.Ѓ.(20) и Г.Д.(19), двајцата од с.Василево, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.

ВО ВОЗИЛО САКАЛЕ ДА УДРАТ ПОЛИЦАЕЦ – На 19.09.2020 околу 22.30 часот во с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(48) и Б.С.(23), двајцата од с.Арачиново, затоа што околу 20.30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ЛЕКАР – На 20.09.2020 во 14.55 часот во СВР Скопје, Д.П. од Скопје пријавил дека околу 14.20 часот, додека бил на своето работно место како лекар на Оддел за токсикологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од С.И.(32) од Скопје. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и лицето е пронајдено и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

УДРИЛА КУЧЕ И ДВЕ ЛИЦА И СЕ ЗАКАНУВАЛЕ – На 20.09.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје, К.М.(38) од Скопје пријавила дека околу 11.00 часот, додека се движела на патот кон Средно Водно, на крстосницата за Сончев Град со патничко моторно возило „спарк“ удрила во куче и застанала со возилото, по што две лица почнале да и упатуваат навреди и закани, а едно од лицата почнало да фрла со тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ГО ПРЕТЕПАЛЕ ТРИ ЛИЦА – На 20.09.2020 во 03.20 часот во СВР Скопје, Т.И.(26) од с.Тарино, штипско, пријавил дека околу 03.00 часот на ул.„9“ во нас.„Илинден“ во Скопје бил физички нападнат од М.М., Б.К. и К.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

НАПАДНАТ МАЛОЛЕТНИК ОД ШУТКА – На 20.09.2020 околу 23.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.Х.(39) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул.„Гвадалахара“, во нас.„Шуто Оризари“ во Скопје, неговиот 17-годишен син, бил физички нападнат од Л.И.(21) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА КУМАНОВО НАНЕЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ – СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.П.(61) и Л.А.(59), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 22.08.2005 до 19.09.2018, тие утврдиле и определиле за плаќање данок на имот кај 27.905 физички и 238 правни лица и комунална такса по основ на фирмарина кај 4.810 правни лица на подрачјето на Општина Куманово, а доспеаните износи не биле уплатени во законски предвидениот рок. Пријавените, иако биле должни, не постапиле согласно одредбите од Законот за данок на имот и не спровеле постапка за присилна наплата, туку со неизвршување на својата службена должност и овластување дозволиле да поминат пет години од денот на доспевањето на даночните обврски, тие да застарат и да бидат отпишани како застарени и ненаплатени, со што нанеле штета на буџетот на Општина Куманово, по сите три основи во вкупен износ од 42.898.437 денари.

Поврзани содржини