Хрватскиот пејач Борис Новковиќ (53) го очекува своето четврто дете, а неговата љубов кон Ирис Волф ги надминала сите неволји. Нивното семејство наскоро ќе стане побогато за уште еден член.
Инаку, Ирис е 25 години помлада од Новковиќ.
„Вистина е, семејството расте“, ја потврди среќната вест Новковиќ за хрватски „Стори“, откривајќи го полот и терминот за породување.
„Сите сме среќни, следниот месец ни пристигнува уште едно момче“, рекол музичарот, кој со Волф веќе има двегодишна ќерка Си, а со поранешната сопруга, новинарката Луција Матиќ, има и два сина, 11-годишниот Ноа и осумгодишниот Боно.
Откако во септември лани четвртата сопруга на Борис Новковиќ се исели од нивниот дом, јавноста на пејачот му даде прекар „кралот на неуспешните бракови“.
Новковиќ тоа го демантираше на својот фејсбук-профил.
Борис зад себе има три неуспешни брака, а освен со мајката на неговите синови, тој беше оженет и со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ и со политикологот Инес Катиќ.
ФОТО: Инстаграм