Сè што треба да знаете за укинатиот роаминг во Западен Балкан

Во роаминг сум, подоцна ќе ве побарам! Сите барем еднаш ја имаме испратено оваа порака за да ги избегнеме скапите дојдовни повици кога сме надвор од земјата.

1,961

Од 1 јули 2021 година кога ќе отпатувате во Србија, нема потреба да го прашувате келнерот која е лозинката на „ви-фи“-то, затоа што стапи на сила договорот на укинување на роамингот кој го потпишаа Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

– Во роаминг сум, подоцна ќе ве побарам! Сите барем еднаш ја имаме испратено оваа порака за да ги избегнеме скапите дојдовни повици кога сме надвор од земјата.






Корисниците на мобилните телефони од Македонија и неколку балкански земји сега можат да здивнат.

Од 1 јули роамингот на меѓусебните повици на овие простори е укинат, затоа ќе ви објасниме сè што треба да знаете за укинувањето на роамингот на Западен Балкан.

Што се менува?

Кога ќе излезете од Македонија и патувате во некоја соседните земји дојдовните и појдовните повици, СМС пораките, преносот на податоците од 1 јули ќе ве чинат исто како да сте во Македонија.

Каде е укинат роамингот?

Договорот за укинувањето на роамингот го потпишаа Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Во пракса, тоа значи кога од Македонија патувате во Србија, нема потреба повеќе да го прашувате келнерот која е лозинката на „ви-фи“. Интернет пакетот на вашиот телефон можете да го користите под истите услови и цени кога сте дома. Истото важи и за повиците и СМС пораките, а истото важи за сите земји кои се потписнички на договорот.

Каде роамингот ѝ натаму е со важност?

Роамингот важи во сите останати држави, а најпрецизните информации за цените и условите за користење на мобилниот телефон во странство, можете да го добиете кај вашиот оператор чија мрежа ја користите во Македонија.

Дали и Грција го укинува роамингот?

Некои од соседните земји, како на пример Србија, имаат потпишано договор за укинување на роамингот со Грција, но тој договор сè уште не е стапен во сила. Нешто слично се најавува и кај нас, но засега нема конкретен договор за тоа.

Зошто сега се укинува роамингот?

Земјите од Западен Балкан потпишаа договор во 2019 година договор за намалување на цените на роамингот. Во првата фаза цените беа намалени, а од први овој месец трошоците во странство се изедначени со цените во домашниот сообраќај, односно роамингот е укинат.

Поврзани содржини