Сè што ќе им текне на скопјани го фрлаат во канализација
Загрижувачка е сликата од терен, односно причината за запушување на канализационата линија. Имено, беа извадени столици, шут и други предмети - велат од претпријатијето.
По пријавите и жалбите од страна на граѓаните од ул. Скупи, крак 22, дека канализацијата е запушена, тимовите на ЈП Водовод и канализација – Скопје излегоа на терен и со помош на механизација и рачно чистење ја отпушија канализационата линија.
– Загрижувачка е сликата од терен, односно причината за запушување на канализационата линија. Имено, беа извадени столици, шут и други предмети – велат од претпријатијето.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, апелира и повикува на граѓанска одговорност и потсетува дека канализацискиот систем не е депонија, ниту место за одлагање на отпад и/или шут.
– Ги повикуваме граѓаните да не го употребуваат канализацискиот систем како контејнер. Во секоја општина редовно има повици и телефонски броеви на кои граѓаните може да се јават и да им се отстрани кабастиот отпад или шутот, бесплатно, или истиот да го однесат во контејнерите кои се наменети за тоа. Бидете одговорни за себе и за другите – апелираат од ЈП Водовод и канализација.