СЕ ШТЕДИ ВО ДЕВИЗИ, А СЕ ЗЕМААТ ДЕНАРСКИ КРЕДИТИ Пораст на штедењето од 7,8 отсто во декември

На годишно ниво, вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 8,3 отсто. Зголемено кредитирање има кај кај двата сектора, но повисок раст има кај корпоративниот сектор.

942

Вкупните депозити во декември лани, на годишна основа, се повисоки за 7,8 отсто. Пораст има во штедењето на двата сектора, но повеќе штеделе домаќинствата.за разлика од изминатиот период штедењето во денари бележи опаѓање и кај домаќинствата и кај фирмите. Кај кредитирањето, пак, е забележан раст крај креитите во денари во однос на оние во странсака влаута. Ова го покажуваат резултатите од анализата на Народната банка.

На годишно ниво депозитите на  домаќинствата пораснале за 7,1 отсто и се резултат на краткорочните депозити во девизи и депозитните пари. Забележан е помал раст на долгорочните депозити во странска валута, додека долгорочните и краткорочните депозити во денари бележат пад.






Кај корпоративниот сектор депозитите на годишна основа  забележале раст од  11,6 отсто што, пак, е резултат на  порастот на зголемените депозитни пари, краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, додека кај  краткорочните и долгорочните депозити во денари е забележан пад.

Според податоците на НБ раст е забележан и кај кредитирањето. На годишно ниво, вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 8,3 отсто. Зголемено кредитирање има кај кај двата сектора, но повисок раст има кај корпоративниот сектор.

Кредитите на домаќинствата на годишно ниво бележат раст од  7,8 отсто. Пораст на кредитирањето има и кај девизните и кај денарските кредити, со поголем раст кај денарските.

Кај корпоративниот сектор кредитирањето на годишно ниво е зголемено за  8,7 отсто. Анализирано според валутата, остварен е раст на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на
денарските кредити.

Поврзани содржини