СЕ ШИРИ ПОЖАРОТ ВО АЛЕКСАНДРОПОЛИС Евакуирани пациенти, траект претворен во импровизирана болница

Траектот во Александрополис  е претворен во импровизирана болница откако во раните утрински часови 65 пациенти, меѓу кои и новороденчиња, биле евакуирани од универзитетската болница. Амбулантни возила префрлиле и пациенти од блиската клиника.

653

Пожарот во Александрополис во североисточна Грција, неконтролирано се шири веќе четврти ден по ред и добива застрашувачки размери.

Пациентите од болницата во Александрополис се евакуирани и префрлени на траект во пристаништето за да ги држат подалеку од пожарот. Траектот во Александрополис  е претворен во импровизирана болница откако во раните утрински часови 65 пациенти, меѓу кои и новороденчиња, биле евакуирани од универзитетската болница. Амбулантни возила префрлиле и пациенти од блиската клиника.






Постарите пациенти лежат на душеци поставени на подот во барот на траектот, болничарите им помагаат на луѓето на носилки…

– Овде работам 27 години, вакво нешто не сум видел. Насекаде носила, инфузии… Изгледа како да е војна, како да експлодирала бомба –  вели медицинскиот техничар Никос Гиокцидис.

Неколку населени места во регионот, во близина на границата со Турција, беа евакуирани бидејќи властите предупредија дека ризикот од нови пожари ќе остане висок во следните неколку дена.

Изгореното тело на маж, за кој се верува дека е мигрант, е пронајдено во понеделникот во рурална област во близина на Александрополис – соопштија од локалната полиција.

Од локалната противпожарна служба предупредуваат дека екстремните временски услови ќе продолжат и во наредните денови што ја зголемува опасноста од ширење на пожарите.

Поврзани содржини