СЕ ШИРИ АФЕРАТА „РАЈНМЕТАЛ“ Кремљ негира дека Русија планирала убиство на директорот на германската компанија за оружје

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите доаѓаат од анонимни извори, дека не содржат „сериозна документација“ и дека затоа „не можат да се сфатат сериозно“.

704

Медиумските извештаи дека Москва планирала атентат на извршниот директор на германскиот производител на оружје „Рајнметал”, Армин Папергер, се базираат на лажни информации од анонимни извори, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите доаѓаат од анонимни извори, дека не содржат „сериозна документација“ и дека затоа „не можат да се сфатат сериозно“, пренесува Радио Слободна Европа.






Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс вчера објавија дека американските разузнавачки служби откриле дека Русија планира атентат на извршниот директор на „Рајнметал”, која произведува артилериски гранати и воени возила за Украина. Си-Ен-Ен во својот извештај се повика на пет неименувани американски и западни функционери, наведувајќи дека САД за сето тоа ја информирале Германија, чии безбедносни служби успеале да го заштитат Папергер.

РУСИТЕ ПЛАНИРАЛЕ УБИСТВО НА ДИРЕКТОРОТ НА „РАЈНМЕТАЛ“ Германија вознемирена по разоткривањето на заговорот

Поврзани содржини