СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ СМС ПОРАКИ ЗА НАДОМЕСТ ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА Не наседнувајте на измамите и не давајте лични податоци!

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната.

376

Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите подолу), станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат, соопшти Владата.

„Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле.






Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот“, се додава во соопштението од Владата.

Во пораките со лажна содржина се наведува дека Владата дава надомест од 6.150 денари, а по кликнувањето на линкот се бараат лични податоци од корисниците. Како и да е, измамниците и овој пат добро се досетиле.

Погледнете како изгледаат овие СМС пораки:

Лажна порака испратена во име на македонската влада

Поврзани содржини