СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА „МАЛАТА МО“? Еве како изгледа на 51 година

917

Иако со децении не е на тениската сцена, сепак нејзиното име е многу влијателно во светот на тенисот.

Поранешната тенисерка Моника Селеш, која вчера го прослави својот 51 роденден, сè уште живее во Сарасота, Флорида, а од Инстаграм откриваме детали од нејзиниот секојдневен живот кога голем дел од денот го  поминува во природа, грижејќи се за своето здравје.






Моника не се врати на теренот туку остана во негова близина, па така минатото лето беше забележана во публиката на Вимблдон кога го следеше финалниот меч на Новак Ѓоковиќ. Таа е активна во жирито на Лауреус наградите, а одвреме-навреме се појавува на јавни настани кои не секогаш се поврзани со тенисот.

„Малата Мо“ е целосно посветена на здравиот живот, што може да го потврди и нејзината линија, која ја доведе до совршенство благодарение на посебната исхрана, редовното вежбање и престојот во природа, за што сончевата Флорида нуди одлични услови.

Моника Селеш беше запрена во нејзината шампионска кампања пред три децении по крвавиот инцидент во Хамбург.

Поврзани содржини