Се санираат полските патишта во Кавадарци

Во текот на утрешниот ден ќе се продолжи во околината на месноста Овчка Река, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

332

Интензивно се работи на санација на полските патишта во Кавадарци, а активностите продолжија и викендов.

– Во текот на вчерашниот ден беше завршено санирањето на патишта во околината на селото Ваташа. Денеска се врши санација во околината на село Ресава. Во текот на утрешниот ден ќе се продолжи во околината на месноста Овчка Река, соопштија од градоначалничкиот кабинет.






Оттаму нагласија дека санирањето на полските патишта ја зголемува безбедноста, но и го олеснува движењето на земјоделците, како и сите други кои гравитираат во тие делови од општината.

Поврзани содржини