📷 СЕ САНИРА ХИДРОСИСТЕМОТ ЃАВАТО КЛУЧЕН ЗА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО Вработените 4 години апелирале за пукнатите цевки, претходната влада ги игнорирала

Премиерот обзнани дека по одлуката на следната владина седница се очекува да бидат санирани 2 од потопните пумпи и дека се планираат уште најмалку 4. Владата исто така планира инсталирање на соларни панели кои значително ќе ја намалат потрошувачката на струја на хидросистемот Ѓавато, кој години по ред, поради дефектите, плаќа до 2 ипол милиони евра за струја годишно.

1,496

Хидросистемот Ѓавато клучен за одржување на Дојранското Езеро, но и за земјоделците во регионот ќе биде конечно саниран по 4 години системска негрижа, обзнани премиерот Христијан Мицкоски денеска на увид на градежните активности на самото место.

Заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, тие информираа за проблемите со пукнати цевки за кои, како што вели Мицкоски, надлежните од системот долго време реагирале, но не нашле слух од претходната влада.






– Станува збор за 2 бунарски потопни пумпи, другите 8 не работат. Како што гледате капацитетот е 100 литри за секоја, иако вкупниот капацитет со сите 10 бил предвиден за цел кубик на секунда. Во следниот период планираме да оспособиме најмалку 4 нови пумпи, а потоа уште 2, за граѓаните да го добијат максимумот. Со оваа вода се снабдуваат и градот Богданци и земјоделците. Како што е сега ситуацијата, голем дел од полето останува необработено, што значи повеќе увезена храна, помал извоз – објасни премиерот.

Фото: МЖСПП
Фото: МЖСПП

Првиот човек на владата најави дека на следната владина седница ќе биде донесена одлука инженери од Фабриката за опрема и делови при РЕК Битола да ги санираат двете потопни пумпи во рок од 10 дена со демонтажа и монтажа на нови.

– Инженерите го скенираа просторот, ова е државно земјиште. Тука во догледно време ќе бидат инсталирани соларни панели, бидејќи сега сметките за струја изнесуваат 200.000 евра месечно, 2 ипол милиони евра годишно. Со новите системи, заштедата ќе биде огромна и со парите ќе се одржува цевководот. Се очекува системот да добие моќност од 2 мегавати, односно 4 мегаватчасови за батериските системи. Системот во најскоро време ќе биде оперативен – додава премиерот.

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашковска изјави дека  министерството одблиску ги следи проблемите на хидросистемот Ѓавато.

– Слушнавме од вработените е дека ова е за првпат функционер да го посети системот и прва санација. Најитните проблеми ќе ги решиме во првите две недели, но потоа одиме кон целосна санација. Во Буџетот се предвидени 2 милиони денари за проект за санација кој очекувам да биде распишан во наредните денови – информираше Лашкоска.

Поврзани содржини