🎥 СЕ САМОЗАПАЛИЛ ПРЕД СУДОТ КАДЕ ШТО ГО СУДАТ ТРАМП Луѓето врескале и бегале од паркот

Момчето се полило со течност околу 13 часот и 35 минути, во паркот Колект Понд, спроти судот каде се одвива судењето на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

582

Mомче се самозапалило во петокот попладне во близина на судот каде се одвива судењето на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Момчето се полило со течност околу 13 часот и 35 минути, во паркот Колект Понд, спроти судот.






Луѓето врескале додека силно портокалови пламени го зафатиле момчето. Не е јасно што ја мотивирало неговата постапка.

Луѓето притрчале за да го изгаснат пожарот, но интензитетот на топлината се чувствувал неколку стотици метри подалеку. По неколку минути, десетици полицајци се нафрлиле и се обиделе да го изгаснат пламенот.

Момчето, кое се чинело дека е живо, бил внесено во амбулантно возило и бргу однесено во болница.

Поврзани содржини