СЕ САМОУБИ МИС АМЕРИКА 2019 Скокнала од 29-ти кат во Њујорк (ФОТО)
Чесли Крист, само неколку часа пред да си го одзеде животот, објавила порака на социјалните мрежи: „Нека овој ден ви донесе одмор и мир“.
Поранешната Мис Америка, 30-годишната Чесли Крист, во неделата наутро си го одзела животот скокајќи од облакодер во Њујорк, само неколку часа откако на социјалните мрежи ја објавила пораката: „Нека овој ден ви донесе одмор и мир“.
View this post on Instagram
Познатата манекенка која се занимавала и со адвокатура, а работела и како дописник на забавната емисија „Extra“, скокнала од 29-от кат од зградата во која живеела во центарот на Менхетен, околу 7 часот наутро.
Полицијата во нејзиниот стан пронашла порака во која пишувало дека сака целиот имот да ѝ го остави на својата мајка, но немало објаснување за постапката ниту проштална порака,..
„Не беше само убава, туку и многу паметна. Имаше живот на кој секој би ѝ позавидел… Ова е толку тажно“, изјавил извор за „Њујорк пост“.
View this post on Instagram
Чесли во 2019 година победи на натпреварот за најубава девојка во Северна Каролина, а потоа истата година ја освои и титулата Мис Америка. Во текот на натпреварувањето себеси се опишала како „чудно дете“ кое некогаш имало споени веѓи, а сега е дел од првата генерација на вистински храбри жени.
„Стојам тука во Невада, во држава која има прво женско законодавно тело во целата земја. Мојата генерација е прва која го има тој начин на размислување свртен кон иднината каде се присутни инклузивноста, разноликоста, силата и храбрите жени. Се радувам на понатамошниот напредок на мојата генерација“, изјавила Крист во таа прилика.
View this post on Instagram
Чесли била дете од мешовит брак. Нејзиниот татко е Полјак, а мајка ѝ Афроамериканка, која во 2002 година исто така била избрана за Мис Северна Каролина. Во изјавата, семејството ја опишало како „жена која со својата убавина и сила ги инспирирала другите ширум светот“.
„Со огромна тага мораме да соопштиме дека нашата сакана Чесли почина. Се грижеше за другите, ги сакаше, се смееше и блескаше. Чесли беше олицетворение на љубовта и им служеше на другите, и како адвокат кој се бореше за социјална правда и како Мис САД и водител, но што е најважно, како ќерка, сестра, пријателка, ментор и колешка. Знаеме дека нејзиното влијание ќе продолжи да живее. Додека размислуваме за нашата загуба, семејството бара приватност во овој момент“, соопштило семејството на оваа млада жена.
ФОТО: Инстаграм