СЕ САМОУБИ ФУДБАЛЕР ВО БИХ Швајцарецот Карим Газета скокнал од седми кат

Мостарската полиција рано изутрината била известена дека на улицата „Кнез Вишеслав" лежи неподвижно тело на непознат маж, а со истрагата е утврдено дека станува збор за 27-годишниот фудбалер Газета.

214

Швајцарскиот интернационалец во редовите на босанскиот фудбалски прволигаш Зрински, Карим Газета, извршил денеска самоубиство, скокајќи од седмиот кат на зградата во која живеел во Мостар, јавија локалните медиуми.

Според истите извори, мостарската полиција рано изутрината била известена дека на улицата „Кнез Вишеслав” лежи неподвижно тело на непознат маж, а со истрагата е утврдено дека станува збор за 27-годишниот фудбалер Газета. Локалните медиуми јавија дека Газета претходната ноќ ја минал во друштво на клупски колега и две девојки.






Роден во Швајцарија, за која одигра и четири натпревари за репрезентацијата до 20 години, Газета дојде во редовите на Зрински во јули годинава и со прволигашот од Мостар потпиша договор до лето 2024 година. Пред да му се приклучи на Зрињски Газета играше за швајцарски Ксамакс. Меѓу другите, тој го носеше дресот на Сервет Винтертур, Лозана. Газета настапуваше и за помладите селекции на Швајцарија за кои забележа вкупно 14 настапи. 

Поврзани содржини