Се руши парапетот во Градиште
Инспекторите утврдиле дека изведувачот на ѕидот не постапил според решението за отстранување на парапетот, па е ангажирана фирма која почна да го руши ѕидот.
Градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески на својот фејсбук профил информира дека е почнато уривањето на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“.
Тој информира дека на рушењето на ѕидот му претходела инспекција од инспекторатите за градежништво комунални работи и животна средина.
Инспекторите утврдиле дека изведувачот на ѕидот не постапил според решението за отстранување на парапетот, па е ангажирана фирма која почна да го руши ѕидот.
Претходно невладината Охрид СОС објави фотографии на кои се гледа дека се гради нелегален бетонски ѕид на плажата во Градиште.