СЕ РОДИЛЕ 3.526 БЕБИЊА, УМРЕЛЕ 5.398 ЛУЃЕ Негативен природен прираст во првото тримесечје
Во ова тримесечје од годината се склучени 1.846 бракови и нивниот број е намален за 25,8% во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22,1 % во споредба со истиот период од 2024 година.
Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3.526 и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3,8% во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5.398 лица. Од нив, 15 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува минус 1.872, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 1.846 бракови и нивниот број е намален за 25,8% во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22,1% во споредба со истиот период од 2024 година.