📽 СЕ РОДИ ЖИРАФА КАКО НИТУ ЕДНА ДРУГА ВО СВЕТОТ! Зоолошка градина во Тенеси има чудна принова
На мајката-жирафа, пак, воопшто не ѝ пречи што нејзиното малечко е толку необично, го прифатила и посветено се грижи за него.
Тоа е навистина многу ретка глетка и може да ја видат само посетителите на зоолошката градина во Тенеси. Една мала жирафа, која се роди неодамна посебна е по тоа што сета е во една боја. Во моментов се бара име за ова исклучително животно и ќе му биде дадено едно од овие четири: Кипеки (уникатно), Форајали (необично), Сјакири (Најубаво) или Џамела (Специјална убавина).
Женката е родена на 31 јули и целосно е кафена. Вработените во Зоолошката градина „Брајтс“ веднаш сфатиле дека таа нема шари како сите други жирафи. Таа не личеше на нејзината мајка, која е сосема обична. На мајката, пак, не ѝ пречи ништо кај нејзиното малечко, не ја одбила, туку посветено се грижи за него.
Од таа зоолошка веруваат дека малата жирафа е уникатна, бидејќи навистина е многу редок случај жирафа да дојде на свет без нивната добро позната шара, која им служи за камуфлажа. Сепак, ова не е единствената функција на шарите на жирафата: под дамките има крвни садови кои ѝ дозволуваат на жирафата да испушта топлина во центарот на секоја точка, со што и дава можност да ја регулира топлината на телото.
Секоја жирафа, освен оваа во Тенеси, има уникатна шема на дамки, за кои научниците веруваат дека е наследена од мајката.
– Светското внимание што го привлече нашата жирафа овозможи повеќе да се зборува за потребата од заштита на овие животни. Популацијата во дивината е во опасност, бидејќи во последните 30 години 40 отсто од овие животни исчезнале во дивината. Немилосрдното убивање на овие животни, како и уништувањето на нивните живеалишта, е одговорно за намалувањето на нивниот број – изјави основачот на зоолошката Тони Брајт, пишува Гардијан.