Се роди првото бебе во светот со антитела на коронавирусот
Како што пшува Индепендент, жената примила една доза од вакцина против коронавирусот додека била бремена, а според лекарите, нејзиното бебе веќе има антитела.
Жена од Флорида го родила, како што тврдат лекарите, првото бебе на светот кое има антитела на коронавирусот.
Како што пшува Индепендент, жената примила една доза од вакцина против коронавирусот додека била бремена, а според лекарите, нејзиното бебе веќе има антитела.
Во случајот, за кој експертите велат дека би можел да има значителни импликации во напорите за борба против пандемијата, пријавено е дека жената била вакцинирана со вакцина на Модерна во 36-та недела од бременоста.
Таа се породила три недели подоцна, кога на свет донела здраво девојче. Во јануари на девојчето му е земен примерок од крв и направен е ДНК тест.
– Тестиравме да видиме дали антителата на мајката по вакцинирањето се пренеле на бебето – изјавил педијатарот д-р Пол Гилберт од Флорида и додал:
– Според нашите сознанија, ова е прво бебе во светот кое е родено со антитела по вакцинирање.
Лекарот ја објавил анализата во интернет списанието медРкив.