Се роди Лилибет Дајана, принцот Хари и Меган станаа родители по вторпат

1,440

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Меркл  о петокот добија нов член во семејството, ќерката Лилибет Дајана Маунт батон-Виндзор.

Двојката денеска објави соопштение за пристигнувањето на нивната ќерка, која е родена во Санта Барбара, Калифорнија. Меган и нејзината ќерка се добро и веќе се во својот дом.






„Лили го носи името на нејзината прабаба, нејзиното височество кралицата, чиј семеен прекар е Лилибет. Нејзиното средно име, Дајана, е избрано во чест на својата сакана покојна баба, принцезата од Велс“ се вели во соопштението.

Принцот Хари и Меган Меркл се родители и на двегодишниот Арчи.

Поврзани содржини