Се роди Филип, пратеникот Милошоски стана татко по петти пат

1,764

Вво ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот профил на Фејсбук.

„Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските“, напиша Милошоски, споделувајќи фотографија од новороденчето.

Поврзани содржини