Се роди бебе од ембрион замрзнат пред 27 години, 18 месеци е помладо од неговата мајка ВИДЕО

558

Моли Гибсон е родена во октомври оваа година… А, нејзиниот случај е особено интересен, затоа што бебето е плод на ембрион кој бил замрзнат во октомври 1992 година, во непрофитниот Национален центар за донации на ембриони во Ноксвил, Тенеси, САД.

Девојче по име Моли Гибсон постави рекорд за најстар замрзнат ембрион што резултираше со раѓање.






Дури во февруари оваа година, тој ембрион го добија Тина и Бен Гибсон од Тенеси. Се верува дека ова е најстариот ембрион што успешно резултирал со раѓање на бебе.

Моли е родена на 26 октомври и го урна рекордот што претходно го држеше нејзината сестра Ема, која беше „чувана во мраз“ 24 години, пред да пристигне на овој свет во ноември 2017 година.
Двата ембриони беа замрзнати истовремено во NEDC (Национален центар за донирање ембриони).

Семејството Гибсон се борело со неплодност пет години, а потоа родителите на Тина се одлучиле за вештачко оплодување. Бен страда од цистична фиброза, што предизвикува неподност кај некои мажи. Бидејќи се плашеле дека болеста би можело да се пренесе на бебето, усвојувањето на ембрион било совршено решение, пренесува wvlt.tv.

Тина во 2017 година ја родила првата ќерката Ема со замрзнат ембрион, а оваа година пристигна уште едно мало девојче кое од среќните родители го доби името Моли.

Бебето Моли има 5 недели, и е само 18 месеци помлада од нејзината мајка Тина, а технички веќе има 27 години.

Се проценува дека во овој миг во САД има еден милион замрзнати човечки ембриони.

Поврзани содржини