Се реконструираат две училници во ОУ „Владо Тасевски“ во Карпош

И покрај тоа што е неизвесен начинот на кој ќе започне новата учебна година, Општина Карпош вложува во севкупно подобрување на условите за престој и едукација на основците, велат од општината.

865

Општина Карпош реконструира две училници во основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле, каде што се  менува стариот и оштетен под. Во ова училиште лани е обновена и спортската сала.

Од општината информираат дека реконструкција или санација се врши во сите 10 училишта на нејзина територија.






– И покрај тоа што е неизвесен начинот на кој ќе започне новата учебна година, Општина Карпош вложува во севкупно подобрување на условите за престој и едукација на основците- велат од општината.

Оттаму информираат дека  во повеќе наврати се дезинфицирани основните училишта со цел да се обезбеди заштита на вработените кои спроведуваат ротациони дежурства.

Поврзани содржини