СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА ЦРНОРИЗЕЦ ХРАБАР ВО ЛИСИЧЕ Општина Аеродром ќе има работно лето  

148

Општина Аеродром деновиве ја реконструира улицата Црноризец Храбар во населбата Лисиче, во должина од 500 метри, шест метри коловозна ширина и тротоар. Реконструкцијата опфаќа и бележење на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, замена на целосно дотраениот материјал и обнова на дел од атмосферската канализација. Проектот се реализира со средства од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски.

– Летото е време на годишни одмори, но во Аеродром не е така. Се радувам кога сите ние во Општина Аеродром и градежната механизација работиме со полна пареа за да реализираме нови и важни проекти кои се дел од нашите ветувања пред граѓаните. Овој период активно работиме на реализација на нови инфраструктурни инвестиции, кои се потврда на нашите континуирани напори за обезбедување подобри услови и поквалитетен живот за граѓаните – напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својата страна на Фејсбук.






Изградбата на нови улици и изведбата на нови паркови на неколку локации е дел од обемните инфраструктурни активности кои оваа сезона се реализираат на неколку локации во Аеродром. За крајот на летото и за почетокот на есента, Општина Аеродром планира да заврши важни проекти кои ќе донесат побезбеден сообраќај, поефикасен транспорт и сериозно подобар маалски живот за жителите на Аеродром.

Поврзани содржини