Се реконструира градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1

529

Преку целосна санација на тоалетите, дел од санитарната опрема и инсталации, започна етапната реконструкција на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 1. Станува збор за еден од најстарите објекти на градинки во Карпош, кој со децении не беше обновен.

По санацијата на тоалети, следува замена на сите прозорци и врати на објектот, со што ќе се зголеми енергетската ефикасност на градинката, а ќе се намалат и трошоците за загревање. Потоа, ќе се премине кон целосна обнова на кровната површина, подот и фасадата.






– Иако локалната самоуправа, извесен период е во потешка финансиска состојба, сепак се одлучивме на фазна реконструкција на оваа предучилишна установа, имајќи ги предвид лошите услови на објектот. За време на овие активности, дечињата, ќе бидат сместени во другите објекти на „Мајски цвет“, иако моментално не посетуваат градинка, како резултат на пандемијата со ковид-19 – рекоа од Општината.

Општина Карпош за реконструкцијата на „Мајски цвет“ одвои пет милиони денари од Буџетот за 2020 година. Овој проект беше дел и од изборната програма на градоначалникот Стефан Богоев, за локалните избори во 2017 година.

 

Поврзани содржини