Се реконструира 110 киловолтниот далекувод од Штип до Овче Поле

АД МЕПСО во овој проект вложува 1,41 милион евра, а инвестицијата е поддржана  со средствата од заемот од ЕБОР од 25 000 000 евра

332

АД МЕПСО денеска започна со реконструкција на основниот 110 киловолтен далекувод од Штип до Овче Поле во дложина од 17,88 километри, вреден 1,41 милион евра што треба да биде готов до крајот на октомври годинава.

 

– Станува збор за изградба на нов далекувод на постојната траса од стариот далекувод што е во функција од 1960 година кој ги поврзува трафостаниците Штип и Овче Поле во должина од 17,88 километри, поставен на 71 столб од кои 55 се бетонски, а 16 се челично-решеткасти. Изградбата на новиот далекувод опфаќа отстранување  на старите бетонски столбови и изградба на нови челично-решеткасти столбови, како и замена на опремата на постојните 16 челично-решеткасти столбови, односно замена на старите со нови проводници, заштитно јаже и изолатори – рече директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани






АД МЕПСО во овој проект вложува 1,41 милион евра, а инвестицијата е поддржана  со средствата од заемот од ЕБОР од 25 000 000 евра со кои се предвидува рехабилитација на четири трафостаници и седум 110-киловолтни далекуводи низ државата.

Официјалниот почеток на изградбата на далекуводот денеска го означија премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани и претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Анди Аранитаси.

 

Поврзани содржини