СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ „ДА ЈА ПОКАНИМЕ ПРИРОДАТА ВО НАШИТЕ ГРАДОВИ“ Перински во Виница изрази силна поддршка за локалниот развој
Со интензивно темпо продолжуваат средбите на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“. Денеска тој оствари работна посета на Општина Виница, каде со градоначалникот Митко Костадиновски и со претставниците на Советот на општината разговараше за приоритетите, она што е потребно на општината и можностите за поддршка во наредниот период.
Во фокусот на разговорите беше и работата на новоформираниот Ресурсен центар за поддршка на општините, како и Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, кој вчера електронски беше доставен до сите градоначалници како алатка за поефикасно управување во првите месеци од мандатите.
Во рамки на посетата беше направен и увид во реализацијата на проектот „Да ја поканиме природата во нашите градови“, финансиран преку првиот повик на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Македонија, во рамки на Приоритет 1: „Позелен пограничен регион“.
Вредноста на проектот за Општина Виница изнесува 300.743 евра, од кои 15% национално кофинансирање е обезбедено од Министерството за локална самоуправа.
Владата континуирано инвестира во развојот на Виница. Во изминатиот период, преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, беа одобрени 15 проекти, со вкупна вредност од 159.058.947 денари.
Министерството за локална самоуправа останува посветено на унапредување на локалниот развој, преку поддршка на општините со развојни, инфраструктурни и зелени проекти кои носат видливи и одржливи придобивки за граѓаните.