СЕ РАЗВЕДУВА НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА ПЛАНЕТАТА? Нејзиниот потег на Инстаграм го збуни светот (ФОТО)
Нивната љубов важеше за една од најскладните, па никој не беше изненаден од нивниот брак.
Пријанка Чопра во 2000 година беше прогласена за најубавата жена на планетата, а од 2018 година во љубов е со 10 години помладиот Ник Џонас.
Нивната љубов важеше за една од најскладните, па никој не беше изненаден од нивниот брак, но сега се шпекулира дека се развеле, а за сè е виновен потегот на актерката на социјалните мрежи.
Priyanka Chopra Removes Jonas From Her Name, Sparks Rumours of Divorce From Nick Jonas Among Fans@priyankachopra @nickjonas #PriyankaChopra #Divorce #NickJonas pic.twitter.com/Tht8lvM5Er
— Vivek Bajpai (@vivekbajpai84) November 22, 2021
Пријанка го отстранила презимето „Џонас“ од својот профил на социјалните мрежи што ги навело фановите да заклучат дека нивниот развод е во тек, особено поради тоа што Пријанка не дава никакво известување за таквиот потег.
На крај, реагирала и мајката на Пријанка која апелирала луѓето да не шират гласини кои не се вистинити.
Потоа, следел и потегот на Пријанка, коментирајќи ја фотографијата на Ник на Инстаграм. Некои овој потег ги разубедил, додека пак другите мислат дека парот навистина се разведува.
Да потсетиме, парот е во врска од 2018 година, а Ник главната актерка ја запроси по само два месеци врска.
Тие кон крајот на истата година се обврзаа на вечна љубов, а организирале дури три раскошни церемонии.
Инаку, актерката од славниот пејач е постара 10 години, а многумина покрај неа замислуваат некој посериозен и позрел маж, а не популарно момче чиј сон е тинејџерски.
Но, Пријанка многу пати истакнала дека Ник е единствениот маж покрај кој се чувствува заштитено и дека не ја допираат коментарите дека изгледаат како мајка и син.
„Ник постојано ми повторува: Секогаш ќе бидам на твоја страна. Тоа ми го кажа на самиот почеток од нашата врска, пред венчавката“, изјавила Пријанка.