СЕ РАЗГОРИЈА БАДНИКОВИТЕ ОГНОВИ ВО СКОПЈЕ Загадениот воздух и препораките на црквата не ги премислија граѓаните

Бадниковите прослави ќе продолжат во текот на утрешниот ден.

1,319

Првите огнови за Бадник се разгорија вечерва на повеќе локации во главниот град. Загадениот воздух како и препораките на црквата да не се празнува,  не ги премислија граѓаните да прославуваат со ракија, пијалаци и традицијата на собирање со своите најблиски.

– За жал верата знае да биде измешана со традицијата и секогаш е поинтересно да се направи нешто што е врзано со некоја традиција, а да се оддалечуваме од суштината. На нас како свештенство на МПЦ е да повикуваме кој е вистинскиот начин на празнување и само литургискиот е оној што нè води правилно во верата. Сè надвор од литургијата е еден фолклор кој дополнително ги оптеретува верниците – изјави Отецот Пимен од МПЦ-ОА за ТВ Сител.






Бадниковите прослави ќе продолжат во текот на утрешниот ден. После двегодишна пандемиска пауза, Македонија е подготвена повторно да го има највеличествениот Бадник во регионот. Утре, во периодот од 10 до 12 часот во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање.

Најголемата бадникова манифестација во Скопје започнува точно во 11 часот со мал празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства ќе бидат пречекани со настапите на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).

Поврзани содржини