Се разбудил од кома и не знае што е ковид-19, а двапати го прележал

Тој сега е во добра состојба. Сепак, не сме сигурни колку е свесен за ситуацијата со која целиот свет се соочува. Неговата несреќа се случи пред локдаунот, а тој како да ја преспа - рекла неговата стрина Сели Флавил Смит.

647

Џо од кома се разбудил по 11 месеци, а сега за него следи уште еден шок – коронавирусот. Имено, пред да падне во кома во светот уште не владеела пандемија.

Во март минатата година, Џо Флавил (19) имал сообраќајна несреќа на први март, поради која бил во кома. Се разбудил по 11 месеци, но не знаел дека светот го зафатила пандемија, ниту знаел што е тоа корона, а ја прележал двапати додека бил во кома, пренесува „Mirror“.






– Тој сега е во добра состојба. Сепак, не сме сигурни колку е свесен за ситуацијата со која целиот свет се соочува. Неговата несреќа се случи пред локдаунот, а тој како да ја преспа – рекла неговата стрина Сели Флавил Смит.

Џо имал несреќа три недели пред првиот локдаун кој во Велика Британија кој се случи на 23 март 2020 година. Од тогаш е во кома во болницата Лестер Џенерал, каде можела да го посетува само неговата мајка Шерон Присли. Пред несреќата тој бил здраво и весело момче и се занимавал со хокеј. Џо сега одлично закрепнува и набрзо би можел да застане на нозе. Голема желба му е да патува низ светот.

Додека тој не стане на нозе, наместо него низ светот патуваат неговото семејство и пријателите. Повеќе од 100 луѓе секој ден возат велосипед, одат и трчаат за да достигнал број на километри кои се потребни да се пропатува целиот свет.

Покрај овој убав гест, неговото семејство направило веб страна посветена на неговото патување околу светот и страница на која се собираат потребните средства за неговото лекување.

Џо малку ќе почека за патувањето околу светот. Барем додека не му објаснат што е ковид-19 и во каква состојба бил светот додека тој бил во кома.

Поврзани содржини