СЕ РАСПРСНА ЛАГАТА НА СДСМ ЗА „МИГРАНТИ ЗА ПАРИ“ Николоски вели дека сега може мирно да се посвети на проектите
Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на СДСМ за „мигранти за пари“, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„Со Велика Британија имаме Договор за стратешко партнерство и Договор Влада со Влада за реализација на инфраструктурни проекти. Тоа е историско постигнување за Македонија. Откако лагите се распрснаа, сега останува со чист образ да работиме на реализација на проектите: брза пруга Табановце-Куманово-Скопје-Велес-Гевгелија-Солун, болници во Штип, Тетово, Кичево, соработка во одбраната и сајбер-просторот. За доброто на македонските граѓани и вечно пријателство на Македонија и Велика Британија!“, напиша Николоски на Фејсбук.
Реакцијата следи по изјавата на британскиот амбасадор во земјава дека никогаш не се преговарало, ниту се преговара меѓу Британија и Македонија за прием на мигранти.