🎥 СЕ РАСПАДНА ВОЗ НА ПОДЗЕМНАТА ЖЕЛЕЗНИЦА ВО ПЕКИНГ Во несреќата се повредени над 500 луѓе

Прелиминарната истрага за инцидентот покажа дека снежното време предизвикало лизгави патеки и „деградација на сигналот“, што резултирало со несреќата на возот на надземниот дел од пругата во Пекинг.

162

Во несреќа за време на шпицот во метрото во Пекинг, повредени се над 500 лица од кои најмалку 102 лица се здобиле со скршеници на коските. Несреќата се случила синоќа на надземниот дел од пругата, а била предизвикана од наноси на снег. Кинеската престолнина, каде што ваквите инциденти се ретки, изминатите денови беше погоден од снежно невреме, што влијаеше на сообраќајните услови и резултираше со доцнење на транспортот низ градот.

Несреќата се случила нешто пред 19 часот, кога последните два вагони на метрото се одвоиле од вагонот пред нив, соопштија властите.






„Вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 лица се здобиле со скршеници“ – објави во петокот  на државната телевизија ЦЦТВ.
До денеска во 6 часот, 423 лица се отпуштени од болница, соопшти ЦЦТВ, додавајќи дека 67 други сѐ уште се на лекување, додека 25 лица се под опсервација. Нема пријавени смртни случаи, објавија државните медиуми.

Прелиминарната истрага за инцидентот покажа дека снежното време предизвикало лизгави патеки и „деградација на сигналот“, што резултирало со несреќата, се вели во извештајот. Корисниците на социјалните мрежи објавија дека виделе патници како паѓаат на земја, а некои се жалеле на болки во грбот.
Снимките на социјалните мрежи покажаа патници на подот и делумно исклучени светла, додека некои патници користат чекани за итни случаи во обид да ги скршат прозорците на возот и да избегаат. На други видеа, пожарникарите помагаат да се евакуира постар возач, додека заглавените патници се борат низ длабок снег за да го напуштат местото на настанот.

-Искрено се извинуваме за несреќата што се случи вечерва.Патниците кои го напуштиле возот без придружба за време на евакуацијата и кои не се чувствуваат добро можат да не контактираат во секое време. Ние ќе ги покриеме трошоците за нега – објави операторот на возот во Пекинг.

Поврзани содржини