СЕ РАСИПА ЕДИНСТВЕНИОТ РАДАР НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Авионите ќе слетуваат еден по еден

Информацијата директорот на М-НАВ Владимир Ристески, кој тврди дека работата ќе се одвива како и досега, само со побавно темпо

418

Се расипа единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром, со што од вчераутро контролорите не можат да ги гледаат авионите на мала висина, кога слетуваат, објави СДК

Од двата радара, едниот врз Контролната кула, другиот во нејзина непосредна близина, во функција бил само вториот, кој сега се расипа.






Додека не се отстрани дефектот, односно додека не стигне делот од Италија, ќе мора контролорите да ги слетуваат авионите еден по еден. Ако се погоди истовремено и друг, трет авион за слетување, ќе мора да кружат малку на небо, додека не слета тој пред нив.

Информацијата за порталот ја потврди директорот на М-НАВ Владимир Ристески, кој тврди дека работата ќе се одвива како и досега, само со побавно темпо и оти најважно е што нема никаков безбедносен ризик со слетувањето и со полетувањето на авионите.

Поврзани содржини