СЕ РАСЧИСТУВААТ ПАТИШТАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА Укинати забраните за камиони на неколку превои поради снегот
Како што наведуваат во кусото соопштение, забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево е укината во 21.05 часот, додека на патниот правец Маврово – Дебар во 20.40 часот.
Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, како и патниот правец Маврово – Дебар.
Како што наведуваат во кусото соопштение, забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево е укината во 21.05 часот, додека на патниот правец Маврово – Дебар во 20.40 часот.
– Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува во 21.05; Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 20.40 – стои во соопштенијата на ЈП „Македонија пат“.
Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.
Како што наведуваат во кусото соопштение, поради врнежите од снег од 19.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
– Од 19. 45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир – соопштуваат од ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково од 17:35 часот се одвива наизменично во една коловозна лента, информираат од АМСМ.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот беше во прекин од 14:15 часот.