СЕ РАСЧИСТУВА ПАТОТ ВО МАВРОВО Паднати дрвја го отежнаа движењето кон Дебар
Во текот на вчерашниот ден и синоќа вработените од ЈУНП „Маврово“ со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрвја кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово - Дебар и околу Мавровското Езеро.
Врнежите од снег кои го зафатија мавровскиот крај, предизвикаа проблеми во сообраќајот и на одредени сообраќајници има паднати дрвја. Екипи со вработени во Националниот парк „Маврово“ од синоќа ги расчистуваат коловозите.
– Во текот на вчерашниот ден и синоќа вработените од ЈУНП „Маврово“ со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрвја кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското Езеро. Причина за паднатите дрвја е снегот кој врнеше во текот на целиот ден – наведуваат од НП Маврово.
Оттаму посочуваат дека се општествено одговорна институција, која се става во служба на граѓаните.
Според информациите кои ги соопштија, претпладнево во околината на Маврови Анови и околните населени места, снежната покривка достигнува триесетина сантиметри.