СЕ РАСЧИСТУВА ДЕПОНИЈАТА КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Општина Карпош ќе постави рампа за да спречи таа да воскресне

0

Општина Карпош вчера почна да ја расчистува мини депонијата која се наоѓа во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„Оваа мини депонија одреден период несовесно се полни со шут и со друг отпад и имаше тенденција да прерасне во сериозен извор на загадување, па оттука Општината интервенираше и спроведува акција за нејзино расчистување, како и поставување заштитна рампа која би спречила повторно депонирање на отпад“, соопшти Општината.






Инспекторатот од Општина Карпош будно ќе следи и превенира случаи на несовесно фрлање на отпад и ќе казнува согласно своите надлежности и законски прописи на целата територија на Општина Карпош.

 

 

Поврзани содржини