Се работи на оспособување на пругата по излизгувањето на товарниот воз кај Романовце

Експерти од Железници Транспорт и Железници Инфраструктура ќе оценуваат која е причината и колкава е материјалната штета од несреќата.

313

Стручните екипи ќе работат и за време на празниците за да се оспособи пругата на Коридорот 10, откако  денеска 20 вагони од товарен воз се излизгаа кај кумановско Романовце. Направена е штета и на 250 метри пруга. Ова го изјави директорот на ЈП Железничка инфраструктура, Хари Локвенец по увидот.на местото на несреќата.

– Најдобриот дел во една ваква несреќа е што нема човечки жртви, но има голема материјална штетата и не само моменталната туку и сета онаа загуба која сите заедно ја претрпуваме и ќе ја претрпуваме заради нефункиоцнирањето за нас многу важниот Коридор 10 од железничката пруга и поврзаност на нашата држава со целиот свет –  изјави Локвенец.






Според него, експерти од Железници Транспорт и Инфраструктура ќе оценуваат која е причината и колкава е материјалната штета од несреќата.

Товарниот воз 45702 кој пренесуваше толчаник (камен) за потребите на Железници Инфраструктура се излизга утрово во 09. 20 часот од Трубарево до Романовце. Излизгани се 12 вагони од композицијата која има вкупно 20.

Поврзани содржини