СЕ ПРОТИВЕЛ НА ПРЕТРЕС, МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА Ги пријавил полицајцитe за прекумерна употреба на сила

За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

612

Полициски службеници вчера околу 2:30 минути на улица „Марко Цепенков“ во Охрид го приведоа Ј.М.(46) од Охрид кој се однесувал агресивно кон нив при легитимирањето, соопшти СВР Охрид.

При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана.






Во врска со настанот, Ј.М. пријавил дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што се здобил со тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“ – соопшти охридската полиција.

 

Поврзани содржини