СЕ ПРОШИРУВА АВТОПАТОТ Од денеска посебен режим на сообраќај на патот од Петровец до Катланово
Наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот ќе се одвива во левата коловозна лента во двата правци, информира Авто мото сојузот.
Почнувајќи од денеска поради изведување на градежни работи за рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово (лево и десно на коловозот), ќе биде изменет режимот на сообраќај на патниот правец Скопје-Катланово, каде наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот ќе се одвива во левата коловозна лента во двата правци, информира Авто мото сојузот.
Како што се наведува и на патот с.Извор – с.Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.