📽️ СЕ ПРОДЛАБОЧУВА ВСЕЛЕНСКАТА СОРАБОТКА РУСИЈА-ИРАН Од руска територија се лансирани три ирански сателити

Иранците велат дека целта на испраќањето на последните три е да се придонесе за следење на развојот на земјоделството, следење на природните ресурси и животната средина.

77

Уште три ирански сателити денеска беа лансирани во вселената од руски лансирни ракети „Сојуз“, објавија иранските државни медиуми.

Во последниве години, Иран сè повеќе се потпира на својот сојузник Русија кога станува збор за испраќање сателити во орбитата.






Иранците велат дека целта на испраќањето на последните три е да се придонесе за следење на развојот на земјоделството, следење на природните ресурси и животната средина.

– Овие сателити беа дизајнирани и произведени од ирански научници… и покрај сите санкции и закани. Соработуваме со Русија во различни области. Некои се очигледни, а не сакаме да разјаснуваме други -изјави амбасадорот на Иран во Русија, Казем Џалали, за државната телевизија.

Официјалната новинска агенција на Иран, ИРНА, објави дека три сателити – Паја, Зафар 2 и уште еден Коусар – се наменети за ниската Земјина орбита.

Од руската инвазија на Украина во 2022 година, Иран и Русија ги продлабочија врските, при што западните земји го обвинуваат Иран дека обезбедува ракети и беспилотни летала за руски напади врз Украина. Техеран го негира ова.

Поврзани содржини